X
 25.06.2016 Образование

Карактеристики на одличниот наставник

Доколку ги прашате учениците што за нив претставува одличен наставник, тие би ви кажале дека одличниот наставник знае да направи забава во училницата и дава малку домашни задачи.

Меѓутоа кога овие деца ќе пораснат, нивната перспектива е видно променета, па така го менуваат и мислењето за тоа што е одличен наставник. Наставата е напорна работа и наставниците работат неуморно за да создадат предизвикувачка животна средина за своите ученици - секако доколку овие наставници се стремат да бидат одлични и најдобри. Но, кои други карактеристики треба да ги поседува еден наставник?

1. Одличниот наставник ги почитува учениците - Во училницата на одличниот наставник се ценат идеите и мислењата на секој ученик. Учениците се чувствуваат слободни да ги изразат сопствените чувства и учат да ги почитуваат и да ги слушаат другите. Овој наставник создава средина за учење која им посакува добредојде на сите ученици.

2. Одличниот наставник создава чувство на заедништво и припадност во училницата -
Меѓусебното почитување во училницата обезбедува поддршка и животна средина која овозможува соработка. Во оваа мала заедница, постојат правила кои се следат и задачи кои треба да ги направи секој ученик. Со тоа ученикот е свесен дека е важен и интегрален дел од групата. Одличниот наставник им дава до знаење на учениците дека можат да сметаат не само на неговата поддршка, туку и на поддршката од целиот клас.

3. Одличниот наставник е топол, достапен, ентузијастичен и грижлив -  Оваа личност е достапна, не само за учениците туку и за сите во училиштето. Ова е наставникот кај кој учениците одат доколку имаат некаков проблем или ако сакаат да споделат нешто, па макар било тоа и смешна приказна. Одличните наставници поседуваат добри вештини за слушање и издвојуваат време од нивниот зафатен распоред за секој кој има потреба од него/неа. Ако овој наставник има лош ден, никој не знае - наставникот го остава личниот багаж надвор од училишните врати.

4. Одличниот наставник поставува високи очекувања за своите ученици - Овој наставник сфаќа дека очекувањата што ги има за своите ученици влијаат врз нивните постигнувања; знае дека ученици генерално даваат толку колку што наставникот очекува од нив.

5. Одличниот наставник ги инспирира своите ученици со страста кон учењето и образованието - Наставникот постојано се обновува себеси како професионалец во мисија да им обезбеди на учениците највисок квалитет на образование. Не се плаши да учи нови стратегии или да инкорпорира нови технологии на часовите и секогаш се чини дека е подготвен да го сподели она што го научил со своите колеги.

6. Одличниот наставник е вешт лидер -  За разлика од административните лидери, ефективните наставници се фокусираат на заедничко донесување на одлуките и тимска работа, како и градење на заедницата. Овој наставник ја пренесува смислата на раководството на студентите обезбедувајќи можности за секој од нив да развие лидерски вештини.

7. Одличниот наставник може да „менува брзини“ и е флексибилен кога лекцијата не функционира
-  Овој наставник го оценува неговото предавање во текот на наставата и пронаоѓа нов начин за да го презентира материјалот со цел да се осигура дека секој ученик ги сфаќа клучните концепти.

8. Одличниот наставник соработува со колегите - Наместо да мисли дека е слаб бидејќи бара предлози или помош од своите колеги, овој наставник гледа на соработката како начин да научи од своите колеги. Овој наставник ги користи конструктивните критики и совети како начин да се подобри како едукатор.

9. Одличниот наставник одржува професионализам во сите области
- од личниот изглед до организациските вештини и подготвеноста за секој ден. Неговите комуникациски вештини се посочуваат како пример. Почитта која ја добива овој наставник е голема, бидејќи е професионалец и тоа е и повеќе од очигледно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование