X
 08.12.2018 Образование

Наставниците од цела Хрватска го поддржаа наставникот кој нападнал два ученици - масовно ги објавуваат нивните ужасни искуства со учениците

Случајот со професорот кој, како што вели, испровоциран од безобразлукот на двајца ученици, ги нападнал во едно хрватско училиште, предизвика реакции од наставниците низ цела Хрватска кои сега масовно ги раскажуваат нивните приказни за нападите што ги доживеале од нивните ученици.

Така, на „Фејсбук“ се шират искуства воглавно од анонимни наставници кои опишуваат сцени со кои се соочиле за време на нивните часови. На тој начин, наставниците се солидаризираат со професорот Фрањо Драгичевиќ, кој веројатно ќе добие отказ. Своите искуства ги објавуваат со хаштагот #ijasamfranjo



Професорот Фрањо е поддржан и од веб-страницата за учители и наставници „Nastavnici.org. Во својата објава пишува дека професорот со години се обидувал да одржи настава и покрај сметањето, само поради љубовта кон работата. Имено, професорот Фрањо, кој е пред пензија, физички нападнал двајца ученици откако еден го удирал со креда, а другиот му плукал на клупата.

-Го направив тоа и повторно би го направил. Срам ми е дека морав. Мене не ме штити системот, не ме штити управата од училиштето, директорот е во ред, но системот на наставници не ме штити - вели Фрањо.

Наставниците, коментирајќи ја ситуацијата велат: -Фрањо денес не е обичен професор пред пензија, Фрањо е олицетворение на сите просветни работници кои работат, молчат и секојдневн трпат неприфатливо однесување, бидејќи немаат друг избор.

Повеќето од наставниците застанаа во поддршка на Фрањо и нивните искуства ги објавуваат со хаштагот #ijasamfranjo. Некои од пораките се навистина загрижувачки.

1
Фото: Facebook

 
Ученик од 14 години се залета во мене и социјалниот педагог, која тогаш беше трудна

2
Фото: Facebook

Ученик од осмо одделение секој час се качуваше на столот, ги соблекуваше пантолоните и викаше: „Сакаш да го извадам? Да видиш што е питон!“

3
Фото: Facebook

Ученик ми ги држеше рацете на грбот додека останатите ученици го користеа мојот личен компјутер.

4
Фото: Facebook

Ученик ми стави нож на вратот со закана за убиство
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование