Левучарите сочинуваат само 10 отсто од населението, а експертите утврдиле дека овој процент не е променет од неолитот.
На планетата има повеќе деснаци отколку левучари, но познато е дека левучарите имаат побрзи рефлекси.
Пред многу години пишувањето со лева рака се сметало за недостаток, па децата што пишувале со лева рака ги терале да пишуваат со десна.
Помалку е познато дека врз основа на тоа дали сте левучар или деснак, експертите можат да проценат некои важни карактеристики на вашата личност, како и тоа дали ќе заработувате повеќе или помалку и што ќе правите во иднина.
1. Финансии
Според истражување од „Харвард“ од 2014 година, левучарите имаат 10 до 12 отсто помал годишен приход. Зошто заработуваат помалку?
Експертите го припишуваат ова на когнитивните разлики. Според резултатите од многу истражувања, левучарите работат повеќе „рачна“ работа и се среќаваат со когнитивни проблеми кои ги засегаат почесто од деснаците.
Возрасните и постарите левучари сигурно се нашле во ситуација општеството да се сака да ги „поправи“. Како резултат на тоа, извршувањето одредени физички задачи е потешко за нив отколку за деснаците.
2. Атлетски способности
Левучарите би можеле да заработуваат повеќе ако одлучат да играат одредени спортови. Ова првенствено се однесува на тенис, бокс, бејзбол и сите спортови што вклучуваат фрлање или додавање. Деснаците ретко практикуваат одбрана од необични и неочекувани агли, за разлика од левучарите, на кои тоа им доаѓа природно.
Многумина мислат дека Рафаел Надал е левучар. Но, тој всушност е деснак, а неговиот вујко и тренер Тони Надал уште од мал го научил да игра тенис со послабата лева рака бидејќи знаел дека тоа е голема предност во тој спорт.
3. Личност
Според опсежно истражување на шкотскиот институт „Абетреј“, левучарите се посклони кон самокритика и преиспитување. Деснаците често се поимпулсивни и со помала веројатност да се грижат за грешките што би можеле да ги направат.
Левучарите не сакаат да носат спонтани одлуки, но претпочитаат добро да размислат пред да ги донесат. Тие ќе се двоумат, а деснаците веднаш ќе тргнат во акција.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik