X
 25.12.2019 Образование

Најдобрата математичарка на светот е белграѓанка

Тивката вода брег рони! Секој што ќе ја запознае 18-годишната Јелена Иванчиќ ќе ја забележи нејзината скромност. Оваа ученичка од математичката гимназија е повеќекратен шампион на европски и на светски натпревари по математика.

Таа ја освои наградата „Мирзакхани“ на Интернационалната меѓународна олимпијада во 2019 година, што е награда за најдобар математичар во светот, а веќе трета година по ред добива златен медал на Европската математичка олимпијада за девојки.

Нејзините исклучителни резултати ѝ донесоа уште едно признание - титула на млад херој на Србија и прво место на конкурсот „Млади херои“.

Од 2017 година Јелена добива стипендија за исклучително надарени ученици и студенти. Таа има освоено и бронзен, а потоа и сребрен медал на Меѓународната математичка олимпијада. Титулата за најдобар математичар на Европа ја освои и во 2018 и во 2019 година.

1
Фото: Ras Srbija


- Отсекогаш ја сакав математиката. Кога се запишав на математичка гимназија брзо напредував. Доста работев, но уживав во тоа и имав одлични резултати - и еве каде сум сега - вели оваа млада девојка, која наредната година планира да студира математика на некој од престижните светски универзитети.

- Најголем предизвик ми е времето. Треба да стигнам да направам сè: училиштето, спремање по англиски, дружење и да се занимавам со она што ме интересира - математиката. Драго ми е што ја добив наградата „Млади херои“ и што постојат признанија како овие, кои ги ставаат достигнувањата на младите во прв план - вели Јелена, која е победничка во категоријата наука и образование меѓу средношколците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование