X
 02.06.2020 Образование

Денеска полагаа математика. Колку кандидати има за првата генерација во Математичко-информатичката гимназија во Скопје?

Примен испит по математика денеска полагаа основците што сакаат своето образование да го продолжат во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Ова се први уписи во оваа гимназија, која ќе стартува во учебната 2020/2021 година.

За полагање на македонски мајчин јазик се пријавиле 70 ученици, но утрово се појавиле 55 ученици да го полагаат испитот по математика. На албански мајчин јазик се пријавиле да полагаат 12, а утрово тестот го решавале 10 ученици.

Задутре кандидатите ќе полагаат физика, секој на својот мајчин јазик. Според пропозициите, во Математичко-информатичката гимназија може да се запишат редовни ученици што завршиле основно образование, се стекнале со општ успех од најмалку 4,5 од шесто до деветто одделение и имале оценка 5 по наставните предмети математика и физика.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование