Не спиете толку добро како порано? Можеби причината за тоа е стареењето. Спиењето игра голема улога во заштитата на умот и на телото. Затоа е важно да се „погоди вистинската доза“ од него.
Џејмс Клир навлегува подлабоко во науката за спиењето за да открие како тоа се менува со нашето стареење. Водејќи се според 65 истражувања направени на „Харвард“ и „Стенфорд“ во периодот од 1960 до 2003 година, тој посочува кон фактот дека како што старееме, се намалуваат квалитетот на сонот и периодот на спиење. Згора на тоа, со стареењето се намалува и фазата на спиење во која растат ткивата и се обновуваат мускулите и имунолошкиот систем.
Добрите вести се дека ноќното спиење може да се дополни со дневно спиење. Освен тоа, Клир препорачува и промена на начинот на спиење за приспособување на телото и на мозокот.