X
 02.08.2015 Живот

Што конкретно ни се случува додека спиеме?

Многу истражувања покажале дека нашиот мозок е поактивен додека спиеме, а воедно во нашето тело се одвиваат одредени хемиски процеси за кои не сме свесни. Што, точно, ни се случува додека спиеме? 


Се згрчуваме секогаш кога заспиваме

Експертите сметаат дека интензитетот на грчот зависи од тоа колку ни се спие. Колку е поуморно телото, толку посилен ќе биде грчот. Се работи за физиолошка реакција и најчесто се случува на почетокот од сонот.

Ни се менува телесната температура

Поради дневните активности трошиме повеќе калории во текот на денот. Со намалувањето на согорувањето на калории се намалува и телесната температура. Колку е потопло телото, толку потешко му е да заспие.

Се чистиме од токсини

Чистењето од токсини за време на спиењето му овозможува на телото да се обнови. Луѓето кои не спијат долго имаат лоша филтрација на токсини, поради што почесто се мрзеливи.

Забораваме бескорисни информации

Во текот на денот собираме многу информации и повеќето од нив ги забораваме. Сите останати информации се сортираат за време на спиењето.

Телото останува парализирано, а мозокот активен

Мозокот на личноста која спие е поактивен од личноста која е будна и поради тоа му е потребно повеќе кислород. Една теорија вели дека за време на спиењето ги организираме мислите и учиме.

Се обновува имунолошкиот состав

Едно истражување покажало дека телото на личност која прима инјекции против грип не може да создаде анти-тела доколку не спие.

За време на спиењето се будиме многупати

Во еден час спиење човекот се буди 5-15 пати. До будење доаѓа кога се префрламе во различни фази од спиењето, а будењата се случуваат накратко, па не се сеќаваме.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот