Дали некогаш сте се запрашале дали начинот на кој спиете навечер влијае врз вашиот изглед следниот ден? Секако, ако не спиете добро, ќе изгледате исцрпено, но тука не станува збор за тоа. Начинот на кој спиете - на стомак, грб или на колк - може да биде непријател на вашето тело.
Ако спиете на стомак, создавате непотребен стрес на вашата кожа.
- Се верува дека брчките поради спиење на стомак се последица на постојан стрес на кожата. Кога сте млади и имате одличен колаген и елементи за поддршка на кожата, тие се повлекуваат веднаш по будењето - но со текот на времето, трајното истегнување навистина може да доведе до брчки - објаснува д-р Бет Голдстајн.
Голдстајн предупредува дека спиењето настрана може да доведе и до брчки, како и губење на волуменот на страната на лицето на кое спиете. Според д-р Тимоти Милер, овој проблем обично можете да го решите со филери, но за разлика од брчките предизвикани од изразите на лицето, повеќето брчки предизвикани во сон ботоксот не може да ги поправи.
Спиењето на грб е најдобриот начин да ги избегнете брчките бидејќи кожата на лицето нема да се трие со перницата. Меѓутоа, ако спиењето во оваа положба е непријатно и на крајот ќе доведе до лош сон, можеби нема да вреди.
Голдстајн, исто така, забележува дека е поважно да се спие добро отколку да се избегнуваат брчките, и иако спиењето на грб е најдобриот начин да се избегнат брчките, предупредува дека тоа може да го влоши рефлуксот, апнеата и 'рчењето, што исто така може да го отежне добриот сон.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik