X
 25.07.2018 Живот

Некогаш 400, а сега само една синагога во Варшава

Синагогата „Ножик“ е единствената преживеана oртодоксна синагога во Варшава, Полска.


Подигната е пред 1902 г. и била обновена по Втората светска војна. Сè уште е во функција и во моментов е под заштита од Варшавската еврејска заедница, како и други еврејски организации.

Пред Втората светска војна еврејската заедница во Варшава била една од најголемите еврејски заедници во светот во тоа време, со над 400 синагоги.

 

Синагогата Ножик

 

Меѓутоа, кон крајот на 19 век само две од нив биле посебни структури, додека преостанатите биле помали капели поврзани со училишта, болници или приватни домови.

Помеѓу 1898 и 1902 година Залман Ножик, познат варшавски трговец, и неговата сопруга Рифка, финансирале изградба на ортодоксна синагога на улицата „Тварда“, веднаш до соседството на Гржибув и Прак Грајбоски.

Зградата е дизајнирана од Леандро Маркони. Фасадата е со неовизантиски елементи. Таа е правоаголна, со внатрешна комора поделена на три патеки. Официјално за јавноста била отворена на 26 мај 1902 година.

 

Обележаната граница на некогашното еврејско гето

 

За време на Втората светска војна областа каде што се наоѓа овој свет храм била дел од малото гето. 

До 1941 година Германците ја користеле зградата како штала и складиште. По војната разрушената зграда била делумно реставрирана и се вратила во Варшавската еврејска комуна.

Била целосно изградена помеѓу 1977 и 1983 година. Исто така, тогаш било додадено ново крило на источниот ѕид, во моментов сместен во седиштето на општината, како и неколку други еврејски организации.

Денес, голем број туристи во Варшава имаат можност да ја посетат оваа синагога и да посведочат на приказните што нејзините ѕидови ги раскажуваат.

Подготвил: Теодора Цветковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот