Во скопската населба Карпош вчера при реконструкција на улица се пронајдени камен саркофаг и три елементи на надгробен олтар, кои потекнуваат од вториот век од наша ера, соопштија од Музеј на Град Скопје.
На фејсбук-страницата на музејот се објавени и фотографии од пронајдоците кои привлекоа големо внимание.