X
 03.07.2018 Живот

Саркофаг од 30 тони случајно пронајден во Египет

При градежни работи во Александрија, Египет, е пронајден саркофаг тежок 30 тони.

Египетските медиуми објавија дека саркофагот направен од мермер случајно бил пронајден при изградба на зграда во Александрија.

Во веста се наведува дека членови на силите за безбедност и други службеници биле испратени на местото на настанот и се додава дека саркофагот бил извлечен во соработка со припадници на вооружените сили и министерството за антиквитети.

Египет, земја со богато културно наследство, често е мета на ловците на богатство, кои успеваат објектите од историско значење одвреме-навреме да ги прошверцуваат преку границите.

Минатата година министерството за антиквитети соопшти дека во текот на изминатите 50 години вкупно 32.638 предмети биле прошверцувани во странство.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот