X
 01.08.2018 Живот

Пронајден саркофаг од третиот век полн со парфеми и шминки

Во саркофаг од третиот век, откриен на територијата на сегашна западна Германија, покрај скелетот на една Римјанка пронајдени се шишенца со парфем, шминка и огледало со сребрена рамка.

Од Музејот за уметност и историја во Бон соопштија дека огромниот камен саркофаг криел необично богатство од козметика, накит и нож со мала статуа од Херкул.

Гробницата тешка четири и пол тони е откриена меѓу Трир и Келн.

Археолозите не сакаа да го соопштат своето откритие минатата година додека не открија слични гробници на тоа подрачје.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот