X
 22.01.2020 Наука

Ова се земјите што се лидери во научни истражувања

Американската Национална фондација за наука (НСФ) објави податоци кои покажуваат дека во светот во 2018 година биле објавени 2.555.959 научни и инженерски статии, што е значителен раст од оние 1.755.850 забележани пред една деценија.

Глобалната истражувачка продукција во тој сектор се зголемувала за околу 4 отсто годишно во текот на изминатите десет години и забележително е тоа што стапката на раст на Кина е двојно поголема од светскиот просек. Додека во 2008 година предводници беа САД, тие сега се тргнати од водечката позиција од страна на Кина.

Во 2008 година САД објавиле 394.979 научни и инженерски статии во рецензирани списанија, а Кина објавила 249.049. Но, Кина преклани објавила 528.263 статии, а САД 422.808.

На третото место се најде Индија со 135.788 објавени статии.

Колективната продукција на Европската Унија е 622.000 научни статии, што значи дека таа е одговорна за речиси една четвртина од вкупниот број. Кина сочинува 20,67 отсто, а САД 16,54 отсто.

Фото: weforum
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука