Италија усвои закон со кој се овластува издавање дозволи за 40.000 сезонски работници од земји кои не се членки на ЕУ во земјоделскиот и туристичкиот сектор во земјата.
Уредбата се совпаѓа со почетокот на сезоната на берба на јаболка и грозје, се наведува во соопштението за печатот. Сезонските работници ќе бидат ангажирани врз основа на апликациите поднесени до локалните канцеларии за имиграција.
Странските работници вработени во земјоделството главно доаѓаат од Романија, Мароко, Индија и Албанија, иако се застапени речиси сите националности, според италијанското здружение на фармери „Колдирети“.
Најголем дел од земјоделците се вработени со краткорочни договори. Тие работат во областа на Верона, Фриули, Трентино, Пиемонт, Емилија Ромања и Ломбардија, помагајќи во бербата и производството на јагоди, јаболка, грозје и млеко.
Извор:
SeeBiz
Насловна фотографија: Pixabay