X
 25.09.2018 Технологија

Основачите на „Инстаграм“ ја напуштаат компанијата

Основачите на популарната социјална мрежа „Инстаграм“, Кевин Систром и Мајкл Кригер, најавија дека се повлекуваат од компанијата.

Систром соопшти дека тој и Кригер ќе заминат од компанијата за споделување фотографии и видеоснимки во рок од неколку недели.

Моментно Систром е генерален директор на „Инстаграм“, а Кригер е главен технички директор.

„Фејсбук“, компанијата која во 2012 година го презеде „Инстаграм“ за милијарда долари, сè уште не ја коментираше најавата на Систром и Кригер.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија