„Burning Man“ е годишен настан во привремената заедница Блек Рок Сити, близу Блек Рок пустината во Невада. Настанот е опишан како експеримент во заедницата и уметност, под влијание на 10 главни принципи, вклучувајќи „радикално“ вклучување, самостојност и себе-изразување како и соработка со заедницата, граѓанска одговорност, подарување, декомодификација, учество, непосредност и слично.
За прв пат се одржал во 1986 година на Бејкер Бич во Сан Франциско во организација на Лари Харви и група на пријатели. Оттогаш се одржува секоја година, започнувајќи од последната недела во август до првиот понеделник во септември.
Во продолжение е колекција на најепската
уметност од овогодинешниот фестивал.
„The 747 project“
Двокатниот Боинг 747 претставува вистинска уметност, а на проектот работеле над 2.000 волонтери. Она што го прави интересен е емоционалното патување кое основачите Кен Фелдман, Џонатан Тео и нивниот тим го припремија за публиката. Експериментот е воведен и оваа година. Авионот исто така ќе биде домаќин на работилници и разговори со лидери од различни земји во светот.
„The Black Rock Lighthouse Service“
Луѓето отсекогаш се фасцинирани од идејата за структура поврзана со крајбрежјето и нејзино „пресадување“ во пустината поради истата функционалност. Макс и Џони Појунтон се татко и син кои стојат позади овој 18 метарски дрвен светилник.
„Catacomb of Veils“
Овие катакомби ќе бидат најголемото уметничко дело простирајќи се на 1.579 квадратни метри. Архитектот позади проектот, Ден Суливан создаде структура со надеж дека на посетителите ќе им овозможи емотивно паралелно искуство. За катакомбите да стигнат до Блек Рок ќе бидат потребни дури 12 приколки на трактори.
„The Space Whale“
Со тежина од 16.000 килограми железо, уметниците Енди Тибетс, Метју Шулц и „The Pier Group“ го носат неверојатниот „Space Whale“ - огромна железна фигура која претставува вистинско уметничко дело.