Во Шкотска се продава кула која наликува на онаа од приказната за Златокоса. Кулата се продава за 80.000 фунти, а одлична е за некој што сака да „се исклучи“ од светот.
Вики Калиген ја купила кулата „Бин Хил“ пред седум години кога се родил нејзиниот син со цел да ја реновира и да ја користи како викендица. Во кулата нема електрична енергија и вода, а скалите на врвот се оштетени.
Реновирањето никогаш не завршило поради лични проблеми на Калиган, но таа се надева дека идниот сопственик ќе ја трансформира во дом или место за одмор.
Кулата била изградена во 1813 година, во готски стил. Највисокиот кат има панорамски поглед на селото Пертшир.
Извор:
Insider
Насловна фотографија:
Right move