X
 01.09.2016 Наука

Математичка драма - трагични љубовни приказни од геометријата

За голем дел од учениците математиката не е предмет кој нуди некаква забава, меѓутоа има и такви кои броевите, операциите и линиите ги гледаат на различен начин.

Некои повеќе ги сакаат парните, некои непарните броеви, за многу ученици природните броеви се омилени, а некои пак чувствуваат големо задоволство кога на крајот од задачата добиваат заокружен резултат, додека мал број на луѓе се поврзуваат со ирационалните броеви. Во геометријата постојат омилени ликови, а приказните во продолжение ќе ви ја раскажат трагичната судбина на паралелите, асимптомите и тангентите.

 

1


Приказната за тангентите сите некаде ја слушнале. Тие имаа можност да се запознаат, но после тоа нешто ги разделило засекогаш. Постојат илјадници причини за нивното раскинување.

 

2

Паралелните линии се типичен пример за „сродни души“ на кои едноставно не им било судено. Во текот на нивното постоење постојано одат во иста насока, но никогаш нема да се сретнат.

 

3


Единствено приказната за асимптотите е потрагична од онаа на паралелните линии. Некои од вас мислат дека овие линии кога-тогаш ќе се запознаат, меѓутоа нивната средба никогаш нема да се случи. Тие двете во еден момент се блиску една до друга, а на крајот како тангентите засекогаш се разминуваат и тоа без збогување.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука