X
 21.08.2017 Култура

Биг Бен од денес ќе „молчи“ се` до 2021 година

big ben
Фото: Getty Images

Саат кулата Биг Бен денес напладне ќе престане да се огласува, и ќе продолжи да „молчи“ наредните четири години, за време на реновирањето на зградата на британскиот парламент.

Чеканите, што ја удираа камбаната тешка 13,7 тони на секој час во последните 157 години, ќе бидат отстранети, иако ѕвоната и понатаму ќе се слушаат за време на важни настани како што е прославата на Нова година.

Вестминстерската палата на брегот на Темза, седиштето на парламентот, се наоѓа на листата на светско наследство и претставува главна туристичка атракција.

Кулата Елизабет, како што започна официјално да се нарекува во 2012 година, е 96 метри висока и се смета за најфотографираната зграда во Велика Британија.

Како дел од реконструкцијата, целиот механизам на часовникот ќе биде расклопен на делови, а секој негов дел ќе биде исчистен и обновен.

Работната верзија на часовникот ќе остане да го покажува точното време, меѓутоа без звук. Часовникот ќе го движи модерен електричен мотор додека повторно не се инсталира оригиналниот механизам на часовникот, после завршувањето на реновирањето кога повторно ќе се слушне типичниот звук на Биг Бен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура