X
 01.12.2016 Наука

Во Кина постои кула што го собира смогот

Веќе околу четириесетина дена во градот Пекинг, Кина, работи кула за ослободување од смог, а од Министерството за заштита на животната средина потврдуваат дека по поставувањето на кулата воздухот е за 55% почист од претходно.

кула за загаден воздух


Имено, кулата има собрано милјарди суспендирани честички  PM 2,5 од загадениот воздух, а жителите ја нарекуваат „храм на чистиот воздух“.

Даан Розегаарде, иноваторот на кулата, бил особено инспириран за да започне ваков проект по патување во Пекинг пред три години. Тој забележал дека децата таму мора да престојуваат во затворени простории поради лошиот квалитет на воздухот и со оваа негова иновација тој има за цел да се собираат 75% од суспендираните честички PM10 и PM2.5.

Сепак, кулата е ограничена и поради тој факт има сугестии да се преименува во „Кула за предупредување од замагленост“, за да служи како поттик за пронаоѓање на подобри решенија за проблемот со воздухот. Наскоро ќе биде најавено и во кои други градови во Кина ќе се постават вакви кули.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука