X
 08.10.2019 Забава

Заспал в такси, па се разбудил на другиот крај од земјата

Шкот од Единбург влегол в такси, заспал, па се разбудил на другиот крај од Шкотска, кој му бил непознат.

Човекот во пет часот изутрина излегол од дискотеката близу својот дом и требало да мине само три километри. Наместо тоа, возачот дури по 180 километри возење забележал дека клиентот заспал, па го разбудил.

Сметката за тоа возење била 400 фунти (околу 450 евра).

Тогаш патникот сфатил дека не знае каде се наоѓа, па со помош на својот мобилен и повеќе автобуси, трамваи и возови, по седум часа се вратил во Единбург.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава