X
 02.03.2015 Наука

Со што се хранат коралите од големиот гребен?

Кога ќе го погледнете океанот како се гуши во разни видови на пластика, тоа најверојатно не е добра работа.


Научниците биле многу загрижени кога биле на едно истражување кај големиот корален гребен во близина на Австралија. Тие забележиле како коралите се хранат со многу мали пластични парченца.

„Коралите се неселективни во однос на видот на храна која ја консумираат и нашите резултати покажуваат дека тие се хранат со пластични парченца, кога таа е присутна во морската вода. Доколку количеството на пластика се зголеми во близина на големиот корален гребен, тоа може негативно да влијае на коралите поради тоа што нивниот нежен дигестивен систем ќе се натрупува со несварлив материјал“ - се истакнува од истражувачот.


Микропластичните делови се многу ситни делови од пластика и тие во околината се дефинирани како честички или делови помали од половина сантиметар. Тие се секојдневен загадувачки фактор во близина на морето, вклучувајќи го и коралниот гребен. Крајбрежниот пластичен отпад е глобален проблем, и микро деловите од пластика можат да имаат негативен ефект за организмите кои се присутни и живеат во крајбрежниот регион.

Вршено е истражување во контролирани услови, и е констатирано дека по две ноќи коралите ги изеле сите мали пластични материјали што биле ставени во садот со вода. Коралите енергијата ја добиваат од процесите на фотосинтеза од старна на симбиотските алги кои живеат во нивните ткива, но исто така тие се хранат и со други мали организми вклучувајќи зоопланктон, мали парченца хранливи материи, но и други мали организми.

Она што ги загрижува научниците е тоа што парченцата пластика се најдени завиткани внатре во дигестивниот систем на коралот , а со тоа и се оневозможува исхраната и тие изумираат. Овие мали парченца се најчесо од полиетилен или полистирен и се верува дека тие не се забележливи кај големиот корален гребен бидејќи тие константно се консумираат од страна на коралите.

Научниците се обидуваат да дознаат повеќе за тоа како влијае овој вид на загадување на здравјето на коралите, но и на останатите организми кои опстојуваат во крајбрежниот дел на водата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука