Властите на Зимбабве соопштија дека најмалку 55 слона умреле од глад во претходните два месеца во најголемиот национален парк во таа земја во текот на големите суши.
Портпаролот на Управата за националните паркови на Зимбабве, Тинаше Фараво, ситуацијата во националниот парк Хванге ја нарече ужасна и наведе дека се погодени и други животни, како што се
лавовите.
Тинаше истакна дека животните излегуваат од националните паркови барајќи храна и вода во околните подрачја, каде што ги уништуваат посевите и понекогаш убиваат луѓе.
Преголемата концентрација на животни во паркот Хванге придонесува за уништување на растителниот свет. Фараво истакна дека тој парк може да поднесе 15.000 слона, но дека моментално има 53.000.