Природната катастрофа која најверојатно ќе предизвика глобален глад

Природната катастрофа која најверојатно ќе предизвика глобален глад

Подготвил: Драгана Петрушевска

Светот се соочил со многу огромни природни катастрофи во последниот период, а последиците од нив се ужасни. Но, една природна катастрофа која најмногу му се заканува на човештвото се развива многу полека.


Организацијата за храна и агрикултура на Обединетите Нации направила анализа на природните катастрофи и нивните можни последици врз светот. Земјотресите, невремињата, цунамињата и поплавите влијаат врз светот во поглед на храната, но најголемо влијание има сушата.


Сушата досега била причина за најмногу загуби на храна и најмногу ги погодила пазарите за месо и житарки низ светот. Рибарниците и шумите не се толку погодени од оваа природна катастрофа.


Што значи ова за иднината? Се вели дека останува да се навикнеме на иднина со почесни природни катастрофи, покрај помалку храна.