X
 24.10.2021 Живот

Последното европско гето - тука жените се мајки на 15 години и баби на 30 години

Градската област Луник IX, која се наоѓа во западниот дел на словачкиот град Кошице, е формирана во 1979 година, откако поранешниот дел од градот во кој живееле Ромите бил уништен и оттогаш бројот на населението тројно се зголемил.

Ова предградие денес се нарекува „последното гето во Европа“ или „срам на нацијата“. Очевидци пишуваат дека меѓу дотраените згради лебди комбинација од мирис на свежо испрани алишта и смрдеа на канализација. Постелнината тажно виси на балконите на зградите кои не се реновирани од 70-тите години.

Од дотраените згради излегуваат кабли со кои незаконски се поврзуваат станарите на јавното осветлување.

Луник, првично населен до депонија, денес се смета за една од најголемите ромски заедници во Словачка.

1
Фото: Screenshot/YouTube

Здравствените стандарди во предградието се на најниско можно ниво, а вообичаени се болести како хепатит, вошки, дијареја, шуга и менингитис, додека невработеноста достигнува стапка повисока од 90 отсто.

Единствената оаза на ова место, кое во моментов има околу 4.000 жители, е парохија управувана од салезијанци, опкружена со високи порти, на кои младите луѓе редовно се качуваат за да украдат нешто, па свештеникот треба да ги брка.

- Овде мораме да заклучиме сѐ за да не ни ги крадат работите. Тоа е единствениот начин на кој можеме да го задржиме мирот - вели свештеникот Маријан Пециар, кој ѝ се приклучил на заедницата на четворица монаси на почетокот од септември.

3
Фото: Instagram

- Големата разлика помеѓу нас и другите организации што работат овде е што ние сме тука постојано. Локалните жители знаат дека сме тука заради нив и имаат голема доверба во нас - вели тој.

Салезијанците пристигнале во гетото пред 13 години. Потекнувајќи од Кошице, свештеникот Петар Бешнеј бил одговорен за отворањето на оваа заедница, мисија во која се приклучил од послушност, а не по избор, како што вели тој.

- Ова искуство со сиромашните ме натера да доживеам големи промени. Сфатив колку е важно да се пренасочиме кон неколку работи што нѐ прават навистина среќни - вели тој.

4
Фото: Instagram

Иако салезијанците не се гледаат себеси како социјални работници и нивната главна мисија е верата, тие сепак нудат конкретни услуги за помош на своите сограѓани. Уште откако отишле во Луник IX, свештениците  им помогнале на десетици луѓе да го напуштат селото и да изградат подобар живот на друго место.

- Жителите тука се отворени за живот со многу деца, но често не можат сите да ги образоваат. Жените тука се мајки на 15 години и баби на 30 години - вели свештеникот Петер.

5
Фото: Screenshot/YouTube

Во Луник IX моментално има една градинка и едно основно училиште, а градот има автобуска линија која застанува само на одбрани автобуски постојки. Влезот во автобусот е дозволен само преку влезната врата, а поради честите напади на агресивните жители, возачите на автобуси распоредени на линијата добиваат додаток поради опасните услови во кои работат.

Извор: Jutarjni.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот