X
 25.10.2022 Живот

Грешки што ги нервираат Французите, а туристите редовно ги прават

Треба да бидете внимателни да не ги навредите гостите доколку сте во Франција. Ова се некои грешки што ги нервираат Французите, а туристите редовно ги прават.

Барање добро печен бифтек

Во Франција не е необично да се послужи крваво парче месо. Тоа е знак дека месото е добро и не треба да се расипе со печење.


Фото: Pixabay

Вино во готвење

Доколку ставите вино во храната при готвењето, подгответе се за последиците.

Барање кечап

Кечапот е дозволен само во синџирите за брза храна во Франција, но доколку го нарачате во добар ресторан, сигурно нема да го добиете.

Мачкање путер на кроасан

Не се препорачува мачкање путер на кроасан бидејќи путерот го има во секој слој од кроасанот.

Мачкање паштета од гуска

Иако станува збор за паштета, Французите сакаат да исечат дел од паштетата и да го стават на лебот пред да го изедат без да ја мачкаат.


Фото: Pixabay

Пиво за вечера

Доколку сте во традиционално француско друштво, со вечерата побарајте вино или вода, никако пиво.

Грешки со виното

Можеби некој ќе ви прости ако ја наполните чашата со вино до врв, но мешањето со вода или сок е непростливо. Освен тоа, се препорачува држење на чашата на основата долу и бришење на усните со марамче по секоја голтка.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот