Додека другите земји каскаат зад блокчејн-технологиите, Франција со големи чекори граби кон технологиите што би можеле да го променат светот во иднина.
Така во Париз е основан првиот европски акцелератор посветен само на стартап-компаниите што развиваат блокчејн-технологии –
Chain Accelerator.
(
Фото: Pixabay)
„Во моментот кога претседателот и владата сакаат Париз да го претворат во средиште на ICO (Initial Coin Offering), акцелераторот се позиционира како клучен играч“, истакна коосновачот на
Chain Accelerator, Никола Канту, и додаде дека се надеваат дека Париз ќе ги собере најдобрите лица што ќе развиваат блокчејн-проекти за различни сектори.
На стартап-компаниите ќе им бидат на располагање дури 30 ментори што работат со угледни светски компании и имаат одлични познавања од оваа технологија.
Бидејќи блокчејн-технологијата сè уште не е правно регулирана во повеќето земји, од
Chain Accelerator се надеваат дека нивните проекти и стартапи ќе помогнат во создавањето добра законска рамка, како и во позиционирањето на Франција како земја-предводник по прашањето за користење на таа технологија.
Иако само што почна со работа, овој акцелератор веќе удоми 13 стартап-компании кои влегоа во шестмесечната инкубациска програма. Меѓу нив е и
BC Diploma, стартап кој сака со еден клик да ги сертифицира дипломите, како и
Gimli, децентрализираната платформа за пренесување и гледање е-спорт средби.