X
 25.10.2023 Живот

Општина Штип ќе им помогне на родителите на штипската четворка

Неизмерно сме среќни, вели Александар Зиков, татко на штипската четворка што се роди пред два дена во Скопје.

Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се во добра здравствена состојба и се во инкубатор. Александар и Благица ги чекале речиси пет години. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека ќе се слушне со таткото на штипската четворка со цел да им се помогне.

-Помеѓу она, што ние како што општина може да им го понудиме како помош е да добијат плац за изградба на куќа, со бесплатни комуналии за градба, како и бесплатна градинка за четирите деца. Тоа е во рамките на нашите надлежности - вели Јорданов.

Тој додаде дека веста ја примил со голема радост.

-Еднократно парично ќе помогнеме како Општина, но и дополнително ќе ја искористам можноста да искомуницирам со членовите на семејството, за одблизу да се информираме за економскиот статус и потребата од дополнителна поддршка во рамките на нашите надлежности. Секој поддршка е добредојдена во овој момент и ова се убави вести кои заслужуваат поддршка не само од институциите, туку од сите добронамерници - вели Јорданов.

Александар е вработен, а мајката Благица, која има 29 години, не може да добие платено породилно боледување бидејќи ѝ недостигаат две недели за да го исполни бараниот критериум од шест месеци. Четворката е предвреме родена во 31. недела. Новороденчињата се зачнати ин витро во клиника во Турција, а се родени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебињата се долги по 31 сантиметар, а нивната тежина е од 1,150 до 1,370 килограми.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот