X
 17.09.2018 Здравје

Честички од загаден воздух пронајдени во плацентите на мајките

Научниците го пронашле првиот доказ дека честичките од загадениот воздух патуваат низ белите дробови на бремените жени и се сместуваат во плацентата. Токсичниот воздух веќе е силно поврзан со штетата кај фетусите, но како е направена штетата, не се знае. Ново истражување што ги вклучило мајките во Лондон открило ситни честички во плацентата на секое бебе. Истражувачите велат дека е можно честичките да влезат во фетусите.

- Ова е загрижувачки проблем - постои масовна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот што мајката го вдишува и фетусите. Затоа, идните мајки се советуваат да патуваат низ помалку загадени места - вели д-р Лиса Мијашита.

бебе
Фото: Keith Levit/Alamy


Серија претходни истражувања покажаа дека загадувањето на воздухот значително го зголемува ризикот од предвремено раѓање и ниска родилна тежина, што доведува до доживотно оштетување на здравјето. Големо истражување што опфатило повеќе од 500.000 породувања во Лондон ја потврди врската и ги наведе докторите да кажат дека импликациите за многу милиони жени во загадените градови низ светот се нешто што се приближува до јавна здравствена катастрофа.

Научниците сè повеќе откриваат дека загадувањето на воздухот резултира со здравствени проблеми кои не се поврзани само со белите дробови. Во август истражувањата откриле дека загадувањето на воздухот предизвикува огромно намалување на интелигенцијата, додека во 2016 година биле откриени токсични наночестички од загаденоста на воздухот кај мозокот на човекот.

Новото истражување ги испитало плацентите на пет бремени жени кои не пушеле и кои родиле здрави бебиња. Истражувачите изолирале макрофажни клетки, дел од имунолошкиот систем на телето, кои ги зафаќаат штетните честички, како бактериите и загадувањето на воздухот.

Користејќи оптички микроскоп, тие откриле 72 темни честички меѓу 3.500 клетки, а потоа користеле моќен електронски микроскоп за да ја испитаат формата на некои од честичките. Изгледале многу слично како честичките пронајдени во микрофагите во белите дробови.

- Многу е јасно дека станува збор за црни честички-саѓи  - вели д-р Мијашита. Претходните истражувања покажаа дека честичките што ги вдишуваат бремените жени минуваат низ крвотокот и влегуваат во плацентата.

- Не знаеме дали честичките што ги пронајдовме може да се пренесат и во фетусот, но нашите докази сугерираат дека е можно. Исто така, знаеме дека на честичките не им е потребно да навлезат во телото на бебето за да имаат негативен ефект бидејќи ако имаат ефект врз плацентата, ќе имаат директно влијание врз фетусот - додаде д-р Мијашита.

- Овие истражувања покажуваат дека децата имаат полоши животни шанси кога станува збор за нивното образование и нивните работни места - вели д-р Кристијан Шилерт од Универзитетска болница „Каролинска“ во Шведска.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје