X
 26.10.2016 Култура

Детски имиња што светот ги забранува

Кога станува збор за имиња на бебиња, родителите во САД имаат еден „тон“ слобода. На пример, Кание Вест и Ким Кардашијан ѝ дадоа на нивната ќерка име Норт Вест. Другите земји не ги имаат истите закони, кога станува збор за слободата на говорот. Еве неколку имиња забранети во други земји.

Родителите во Шведска мора да го достават името на нивното дете до даночната агенција во рок од три месеци од раѓањето на детето. Тие забрануваат имиња кои можат да предизвикаат навреда. Пример: Металика, Супермен, Икеа, Елвис.


бебешки имиња


Имињата на децата во Португалија мора да бидат родово специфични, традиционално португалски. Службениците кои издаваат сертификати треба да го информираат локалниот суд, ако тие чувствуваат дека името не е во најдобар интерес на детето. Пример за забранети имиња: Нирвана, Риана, Џими, Викинг, Сајонара.

Саудиска Арабија забрани повеќе од 50 имиња, кои се „премногу странски" или не се во согласност со верските традиции на земјата. Пример за забранети имиња: Бинјамин, Линда, Маја, Малика, Малак.

Во Данска, ако вашето име не е вклучено на листата со 7.000 одобрени имиња, ќе мора да добиете дозвола од Одделението за истраги на имиња во Универзитетот во Копенхаген и во Министерството за црковни работи. Пример за забранети имиња: Плуто, Јакобп, Ашли, Манки, Анус.

Некои од ограничувањата за имињата во Германија не содржат објекти, родово-неутрални имиња, или презимиња. Пример за забранети имиња: Мати, Кохл, Стомпи, Адолф Хитлер.

Родителите во Исланд мора да го достават името на нивното дете до Националниот регистар во рок од шест месеци од раѓањето на детето. Пример за забранети имиња: Зое, Дункан, Хариет, Енрике, Лудвиг.

Во Малезија, листата со забранети имиња вклучува имиња, кои се „непожелни". Пример за забранети имиња: Воти, Книо Кхо, Чоу Тоу, Сор Чаи.

За да се заштитат децата од малтретирање и исмејување, беше донесен закон во Сонора, Мексико за забрана на имиња, кои немаат значење. Пример за забранети имиња: Бетмен, Хермионе, Ескрото, Рамбо.

Нов Зеланд забранува имиња кои предизвикуваат навреда или се подолги од 100 карактери. Пример за забранети имиња: Луцифер, Синдарела, Талула.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура