Како и кај сите вакцини, и рота-вакцината може да предизвика нуспојави. Најчести несакани појави се треска, повраќање, дијареја. Но, придобивките од примање на вакцината, според лекарите, секако се поголеми. Од Комитетот за имунизација велат дека за вакцината особено се заинтересирани родители кои со првото дете искусиле инфекција поради рота вирус.