X
 26.03.2019 Технологија

Хакерски упад награден со автомобил

Неодамна организаторите на безбедносната конференција „Pwn2Own CanSecWest“ ги предизвикаа хакерите да се обидат на кој било начин да упаднат во софтверот на „Тесла“. Наградата беше автомобил „тесла модел 3“, кој беше мета на хакирањето.

Конференцијата, која послужи и како натпревар за хакери, заврши со победа на двајца хакери. Имено, Амат Кам и Ричард Жу успеаја преку вградениот теслин пребарувач на инфо-системот на автомобилот да изведат сопствен програмски код и на екранот да ја прикажат нивната порака.

Тоа за организаторите било доволно да заклучат дека софтверот на возилата е успешно хакиран. Двајцата хакери како награда го добиле автомобилот на кој ги прикажале своите вештини. Освен тоа, тие добиле и парична награда од 375.000 долари.

Од компанијата „Тесла“ изјавија дека наскоро ќе го поправат пропустот што го искористиле хакерот. Истакнаа дека упадот во софтверот барал многу труд и вештини, па им се заблагодарија на безбедносните експерти и на хакерите затоа што им помогнале во подигнувањето на нивото на безбедност на нивните автомобили.
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија