Америка и Европа се две земји поделени со заеднички јазик. Различни зборови, различен изговор, различно спелување со што се создале две различни поделби на англискиот јазик: британски англиски и американски англиски.
Зборовите, фразите и сленгот што значат едно нешто во Британија, често имаат различно значење во Америка - и обратно. Ова се неколку британски зборови, фрази и сленг што имаат сосема различно значење во Америка.
„Pants“ - Ако ги прашате Британците за нивните „Pants“, смешно ќе ве погледат, а можеби и ќе добиете шлаканица, бидејќи овој збор на британски значи долна облека, а не пантолони.
„Jumper“ - Во Британија, ова не е фустан без ракави што се носи како дел од училишна униформа, туку е удобен плетен џемпер, што се носи во текот на зимата, или она што Американците го нарекуваат: „sweater“.
„Football“ - Во Британија, фудбалот е спортот со кој се прослави Дејвид Бекам, спортот во кој се удира топката со стапалата. Во Америка овој збор го означува спортот во кој се фрла топката и се фаќа со раце.
„Аnorak“ - Британците не го користат овој збор за ветровка како што го користат Американците, туку кога зборуваат за некоја личност која има многу здодевно хоби.
„Purse“ - Во Британија, „purse“ е паричник што се чува во чанта. За разлика од Британците, Американците го користат зборот „purse“ за чанта во која се чува паричик.
„Camp“ - Во Америка, овој збор значи камп, додека Британците го користат кога сакаат да кажат дека нешто или некој претерал или бил драматичен.
„Trainer“ - Кога Британец ќе започне да ви зборува за „trainers“, тие не зборуваат за нивните тренери во теретаните, туку за нивните патики.
„Crisps“ - „Crisps“ се британскиот еквивалент на американскиот „potato chip“.
„Chips“ - На британски англиски овој збор означува помфрит, додека на американски значи чипси.
„Give a ring“ - Кога некој ќе ви ја каже оваа фраза, не значи дека ќе ви предложи брак, туку дека ќе ви се јави на телефон.
„
Pissed“ - Ако некој Британец ви каже дека е „pissed“, тоа не значи дека е лут како во американскиот јазик. Тоа значи дека е пијан.
„Boot“ - Во Америка, „boot“ е чизми. Во Британија, се однесува на багажникот на автомобилот.
„Lift“ - За да стигнете од приземје на петти спрат, Американците користат „elevator“, а Британците „lift“.
„Flat“ - Британскиот еквивалент на „apartment“ е „flat“.