Ова не е краткорочна кампања, ќе трае и по празниците, но токму сега, во времето за дарување можеме да се вклучиме сите и подарувајќи пакет инстант лозови, покрај среќа, забава и добивки да бидеме хумани и подариме некому здравје.
Акцијата се одвива преку продажба на инстант лозовите „Еко скутер“ во коверт „Среќа плус“. Еден пакет лозови содржи 6 лоза, што значи дека акцијата „5+1“ продолжува, а дополнително со купување на овој пакет се учествува и во кругот на среќа и солидарност.
Во зимскиот период за борба со Ковид-19 на најнемоќните им се потребни витамини и суплементи, за што ќе се наменат 10% од средствата собрани од оваа акција.
Затоа ги покануваме сите граѓани и сите правни субјекти, во пресрет на престојните новогодишни празници, да подарат инстант лозови „Еко скутер” во пакет „Среќа плус” и да се вклучат во кругот на среќа и солидарност.
Акцијата на терен веќе започна. Тимови на Црвен крст, со првите досега собрани средства, веќе набавија дел од суплементите и започнаа да ги посетуваат домовите на социјално загрозени и немоќни граѓани даруваќи ги првите пакетчиња за здавје.
Пакетот „Среќа плус“ со инстант лозови „Еко скутер”, може да го најдете на сите продажни места на Државна лотарија ширум нашата земја.
Претпријатијата може да направат нарачка на: 02 32 77 77 и на promo@loto.mk, a со тоа да подарат среќа на свои вработени и соработници.
Подарете среќа и бидете хумани.
(Комерцијална објава)