Односот помеѓу шеќерот во крвта и апетитот е покомплициран отколку што се мислело претходно, особено доколку се земе предвид едно ново истражување. Според
истражувањето, доколку чувствувате глад, иако сте јаделе пред одреден период, можеби ви е паднат шеќерот во крвта.
Било откриено дека кај некои луѓе шеќерот во крвта може да падне до четири часа по јадењето, а тоа може да го отвори апетитот.
Сара Бери од Кралскиот колеџ во Лондон објаснува дека долго се сметало дека нивото на крвта во шеќерот игра улога во контролата на гладот, но немало доволно детални резултати од претходни истражувања. Сега научниците покажале дека со мерење на нивото на шеќерот во крвта неколку часа по јадењето може подобро да се предвиди гладот отколку со негово мерење веднаш по јадењето.
Фото: Pixabay
Научниците користеле податоци од истражувачки проект кој е во тек, а кој вклучува повеќе универзитети низ светот. Истражувачите анализирале податоци од 1.070 учесници од Велика Британија и од САД, кои запишувале што јаделе и редовно го мереле нивото на шеќер во крвта. Заклучоците се дека испитаниците што чувствувале глад и немале енергија часови по јадењето имале намалено ниво на шеќер во крвта.
Нивото на шеќер може да послужи за предвидување на енергетското ниво и апетитот, велат научниците. Истражувачите додаваат дека има недостатоци во истражувањето, како тоа дека испитаниците самите известувале за податоците и притоа не се мереле хормоните за апетит.
Автор: Питер Докрил
Извор:
sciencealert.com