X
 18.11.2018 Живот

И Грција имала свој Голи Оток

Во Егејското Море, недалеку од Андрос, Тинос и Сирос се наоѓа островот Јарос - некогашен таен грчки затвор во Грција, кој вршел функција на концентрационен логор во поголемиот дел од втората половина од 20 век.

Озлогласениот остров денес е напуштен и забранета зона за туристите. Сепак, постои можност тој повторно да се отвори.

Доказ за тоа дека отсекогаш го биело лош глас е и тоа што за време на Римската империја островот служел како остров на кој биле водени сите оние кои му пркоселе на законот и кои се сметале за „дефект“ во општеството.

Сепак, во поновата историја, островот добил уште пострашна намена. Токму таму од 1948 до 1953 година биле затворени повеќе од 10.000 мажи кои биле дел од Грчкото движење на отпорот (ЕАМ) и учествувале во Грчката граѓанска војна. Затоворот повторно почнал да се користи во периодот меѓу 1957 и 1964 година, па повторно од 1967 до 1974 година.

Кога конечно структурата почнала да се руши и да пропаѓа, затворскиот остров конечно е напуштен и се до 2000 годона го користела само грчката морнарица.

Денес е забранет и риболовот околу островот, а ова парче земја може да го видите само од воздух или од брегот на некој од околните острови.

Инаку, во 2002 година грчкиот министер за култура го проглласи Јарос за историски важен и го стави под заштита на државата. Островот е дом на многу видови растенија и животни, а најпознат е по средоземните фоки-мечки кои живеат таму.

Поради сето она што се наоѓа под водата, островот е вистински рај за љубителите на нуркањето, па затоа се разгледува предлог да се отвори за екипите кои сакаат да го истражат до дното.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот