X
 09.03.2019 Наука

Научници ќе им буричкаат во мозоците на затворениците за да ја спречат агресијата

Затворите често се полни со насилство. Но, тоа би можело да се промени ако еден експеримент го има посакуваниот ефект - и ако општеството може да ги свари етичките импликации од чепкањето во мозоците на затворениците.

Истражувачите од Универзитетот во Уелва, Шпанија, истакнаа дека наскоро ќе почнат истражување за да видат дали можат да ги смират нагоните за насилство на затворениците во затворот во Уелва така што ќе ги третираат со транскранијални стимулации со еднонасочна струја (ТДЦС) - со други зборови, така што ќе ги оштетуваат мозоците на затворениците со електрицитет.

- Студијата е обид да дознаеме дали ТДЦС има ефект на различни процени на агресија. Може да помогне во одржувањето ред во затворите - вели Андрес Молеро-Чамизо, водач на проектот.

Истражувачите планираат да регрутираат најмалку 12 мажи волонтери кои се во затвор поради убиства. Три дена по ред тие ќе поставуваат електроди на нивните глави и ќе пуштаат електрична струја. Процесот ќе трае 15 минути, а истражувачите велат дека е безболен.

На почетокот и на крајот од експериментот секој затвореник ќе одговара дали се согласува со некои изјави, на пример: „одвреме-навреме не можам да ја контролирам потребата да удрам друго лице“.

Дополнително на ова самоизјаснување, тимот се надева и да собере примероци од плунката на секој испитаник за да ги разгледа нивоата на кортизол, за да истражат дали хормонот на стресот може да овозможи увид во агресијата на затворениците.

Ова не е првпат тимот од Универзитетот во Хуелва да ја тестира способноста на електричната мозочна стимулација за да се справи со насилните тенденции на затворениците. Во јануари тие ги објавија резултатите од друга студија во која учествуваа 41 затвореник. Тој експеримент се фокусира на различни видови ТДЦС и даде ветувачки резултати.

Како и да е, за некои луѓе е дискутабилна етиката на правењето експерименти на затвореници.

- Јас би бил многу загрижен за ова. Затворот по природа е принудна околина. Затворениците секогаш би можеле да мислат дека ова може да е од корист за нивниот случај во иднина - истакнува форензичкиот психијатар Деланеј Смит.

Сепак, ако ТДЦС може да им помогне на затворениците да се справат со насилните потреби, тоа може да биде ветувачко средство за одржување на безбедноста на затворениците додека се зад решетки.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука