X
 09.03.2020 Живот

Eдно од најскапите туристички места на светот се наоѓа на Балканот

Плитвичките Езера во Хрватска стануваат еден од најскапите национални паркови во светот - во текот на летото влезниците ќе изнесуваат над 40 евра.

Причината за зголемувањето е фактот што станува збор за локација на светско наследство која е загрозена поради метежот, така што треба да се ограничи бројот на посетители.

Цената од 40 евра (300 куни) се однесува на посетите во јуни, јули, август и во септември. Цената за деца и млади до 18 години во тој период ќе биде околу 15 евра (120 куни).

Тоа значи дека влезниците за четиричлено семејство ќе чинат 111 евра, а на таа сума треба да се додадат и трошоците за храна, пијалак и паркинг, па цената на еднодневниот излет ќе изнесува 140 евра.

View this post on Instagram

🇭🇷 Hello, guys! Amazing National park Plitvička Jezera in Croatia. I was at this wonderful place only for 2 days before my workshop to Slovenia in October and I hope to return there in winter time, just imagine all this beauty covered by snow. ◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️ Join my photo tours http://olegrest.com/fototours◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️ 📷Canon 5D Mark IV ▫️lens 11-24 mm▫️24mm▫️f/10▫️ISO 200▫️0.8 sec▫️@reallyrightstuff tripod▫️editing in Luminar 4 from @skylum_global+PS ◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️◻️ #plitvice #plitvicelakes #plitvicenationalpark #plitvickajezera #plitvicelakesnationalpark #plitviceblog #croatia #croatia_photography #croatiatravel #waterfalls #waterfallphotography #olegrest #olegrestphototour #хорватия #плитвицкиеозера #пейзажныйфотограф #фототурыевропа #водопады #canonczsk #lucroit #canonukraine #myrrs #canonrussia #madewithluminar #skylum_global #wonderful_places #photopills #yourshot #natgeoyourshot #bestwaterfalls

A post shared by OLEG REST (@olegrest) on


Бројот е ограничен на 12.000 посетители на ден, додека претходно имало 15.000 и 16.000 посетители во текот на летните месеци.

Плитвичките Езера минатата година направиле приход од речиси 52 милиона евра, а подготвени се проекти вредни 19 милиони евра за модернизација на хотелите. Исто така, се спроведуваат и 60 стручни проекти од институтите и факултетите за флора и фауна.

Речиси сите најпознати светски национални паркови имаат поевтини влезници. Цените се движат од 2 до 35 евра, некои имаат поевтини влезници за локалното население, а посетата на некои национални паркови е бесплатна.

За посета на Големиот Кањон во САД треба да се издвојат 35 долари (30 евра) ако во него се влезе со возило или 20 долари (17 евра) ако се влезе пешки или со велосипед. Влезница во американскиот Јелоустоун е 30 долари (26 евра) со возило или 15 долари (13 евра) пешки или со велосипед и тоа до седум дена престој. Посетата на Нијагарските Водопади во Канада е бесплатна.

Портпаролот на националниот парк, Огњен Борчиќ, изјави дека минатата година имало 1,8 милион посетители, што е прилично висок број, но со системот на онлајн-порачување влезници максималниот број на влезници е намален од 15.000 на ден во текот на летните месеци во изминатите години на 8.000 до 10.000 минатото лето.

Извор: B92
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот