Ракијата е најпопуларниот алкохолен пијалак на Балканот. Сите ја имаме дома и ја пиеме или знаеме некој што ја пие. Хрватски „Дневник“ наведува неколку факти за ракијата што можеби не ги знаете.
Најстарата ракија е од Бугарија
Ракијата е национален пијалак на многу словенски народи, од Хрватите до Македонците. Не е познато кој прв почнал да ја произведува ракијата, но најстариот сад за дестилација на ракија бил пронајден во Ивајловград, Бугарија, во 11 век.
Името го добила по потта
Зборот ракија потекнува од арапскиот збор ал-рак, што во слободен превод значи пот. Се претпоставува дека во нашите краеви овој збор стигнал со Турците околу 15 век.
Фото: Pixabay
Може да се прави и од тартуфи
Ние знаеме дека ракијата може да се прави од сливи, грозје круши, дуњи, јаболка, смокви или ореви, но може да се најде и ракија направена од бели тартуфи.
Ракијата ги „лекува сите болести“
Можеби овој пијалак не ги лекува сите болести, но помага за намалување на забоболка, дигестивни тешкотии и болки во грлото, ја намалува болката во мускулите и секако е корисна алатка за подобрување на расположението. Некои веруваат и дека масажа на грбот со ракија ја отстранува болката во тој дел од телото.
Се користи и за дезинфекција
За време на пандемијата, луѓето во регионот ја користат ракијата за дезинфекција. Сепак, треба да знаете дека ракијата ќе биде добра за дезинфекција само доколку има најмалку 60% алкохол.
Извор:
Dnevnik
Фото: Pixabay