Научниците од неодамна почнаа да користат сателитски снимки за да ги бројат слоновите во Африка.
Се користат фотографии од сателити за набљудување на Земјата кои се наоѓаат на оддалеченост од 600 километри од површината. Со помош на сателитите научниците може да истражуваат и до 5.000 квадратни километри од живеалиштата на слоновите во ведар ден без облаци.
Броењето на слоновите се прави со помош на компјутерски алгоритам што ги препознава
слоновите на различни заднини. Доктор Олга Исупова од Универзитетот на Бат вели дека научниците само му покажуваат примери на алгоритамот и го учат да ги препознава слоновите. На тој начин компјутерот „учи“ како да ги препознава ситните детали што човекот не би можел да ги забележи со голо око.
Фото: Pixabay
За да ја пробаат новата технологија, научниците прво го прегледале националниот парк „Адо“ во Јужноафриканската Република.
Со овој пристап би можело да се подобри следењето на загрозените популации на слоновите во нивните живеалишта кои се простираат низ меѓународни граници и на места на кои е тешко да се добие дозвола за истражување со авион. Освен тоа, оваа техника би можела да се користи и против нелегалното ловење на слоновите.
Конечно, со технологијата не се потребни луѓе на терен, што е корисно во време на пандемијата.
Автор: Викторија Гил
Извор:
bbc.com