Андроид-телефоните наскоро ќе станат многу поинтересни.
Телефонот „Hydrogen“ со Андроид-платформа е првиот со целосно холографски екран. Телефонот ќе биде пуштен во продажба ова лето иако не е откриена цената.
Создаден од RED, компанија што произведува скапи дигитални кинокамери што ги користат режисери како Џејмс Камерон и Мајкл Беј, овој телефон носи доста возбуда и нетрпение и покрај тоа што се знаат малку детали за него.
Фото: RED
RED тврди дека телефонот „Hydrogen“ ќе биде првиот со холографски екран што ќе може да се префрли помеѓу 2Д и 3Д-содржини без потреба од очила, а наводно ќе има и висококвалитетно аудио и ултра фенси камера
Телефонот ќе може да лансира нешто наречено „Hydrogen network“, содржинска платформа за видео создадена со камерата „4-View“.
Иако цената не е позната, се знае дека телефонот нема да биде евтин.
RED почна со порачки претходно оваа година, со два модела со цена од 1.295 долари и 1.595 долари. Тоа е повеќе од „ајфон“.