X
 26.01.2023 Образование

УКЛО учесник на Конференција и Форум за одржлив туризам

Во рамките на Европската јадранскo-јонска мрежа на универзитети, региони, стопански комори и градови– AI-NURECC Plus, од 23 до 24 јануари 2023 година имаше дводневен настан во Скопје на кој се одржаа конференција и младински форум. На овој настан претставници од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола беа проф. д-р Иванка Нестороска од Факултетот за туризам и угостителство со студенти од факултетот, претседателот на Универзитетското студентско собрание, студенти од Економски факултет и Факултетот за биотехнички науки.

На првиот ден се одржа конференцијата на тема „Одржливиот туризам како стратегиски двигател за одржлив и инклузивен развој на Јадранско-јонскиот Регион и нивните планински области“. На покана од организаторот, проф. д-р Иванка Нестороска имаше свое излагање и ја раководеше сесијата „Одржливоста како двигател за развој на туризмот во планинските области“. Проф. д-р Нестороска даде осврт на важноста за ориентираност кон одржлив туризам во планинските области во Македонија како позитивен пристап кој овозможува да се задржат економските предности од развојот на туризмот, како и да ги намали негативните ефекти врз ресурсите и животната средина.

1

На 24 јануари, IV Форум на младински организации на Јадранско-јонскиот регион (AIYOF4) се фокусира на улогата на младите во унапредувањето на овој регион да биде повеќе одржлив, зелен и инклузивен со главна тема „Вештини на младите за иновативен, одржлив и инклузивен Јадранско-Јонски регион. Во текот на сесиите и работните групи се дискутираше за зголемување на вклучувањето и ангажманот на младите, особено врз основа на принципите на EUSAIR – Стратегијата на ЕУ за Јадранскиот и Јонскиот Регион која опфаќа десет земји: четири земји членки на ЕУ (Хрватска, Грција, Италија, Словенија) и шест земји кои не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Сан Марино, Србија).

2

Девет студенти од УКЛО беа вклучени во работни групи на кои се дискутираше и се презентираа заклучоците на младите за следниве четири приоритети за овој регион како клучни предизвици за развој: Синиот раст, Поврзување на регионот, Квалитет на животната средина и Одржлив туризам. Следниот младински форум во рамките на AI-NURECC Plus мрежата ќе се одржи во мај 2023 година.

Повеќе информации ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование