Љубителите на страшни филмови и серии знаат дека на „Нетфликс“ има добра понуда на вакви наслови. „Мејл онлајн“ состави листа со најстрашните серии што може да се гледаат на оваа платформа.
„Прогонувани“ (Haunted)
Оваа серија се фокусира на хорор-приказни на луѓе кои искусиле чудни паранормални активности. Серијата има три сезони, а обожавателите предупредуваат дека оние што ќе ја гледаат ќе бидат исплашени до крајот на животот.
„Под будно око“ (The watcher)
Само трејлерот за оваа серија може да ви предизвика кошмари. Серијата раскажува вистинска приказна за пар кој добива писма од непознато лице по вселувањето во нивниот дом од соништата.
„Дамер - чудовиште: Приказната за Џефри Дамер“ (Dahmer - monster: The Jeffrey Dahmer story)
Серијата од десет епизоди ја раскажува приказната за Џефри Дамер од перспектива на неговите жртви и истражува големи грешки кои ги направила полицијата во Висконсин.
„Рачед“ (Ratched)
Во овој психолошки трилер од Рајан Марфи, Сара Полсон го толкува ликот на медицинската сестра Милдред Рачед, садистичка негативка од романот „Лет над кукавичјото гнездо“ од Кен Кејси.
„ОА“ (OA)
Мистериозниот трилер за блиското искуство со смртта се фокусира на посвоена слепа девојка од Русија. Таа исчезнува во период од седум години, а кога се појавува, веќе не е слепа.
„Прогонувањето на Бјал Манор“ (The haunting of Bly Manor)
Некои гледачи имале проблеми со спиењето по гледањето. Оваа драмска хорор-серија е заснована на делото „Вртење на завртката“ од Хенри Џемјс.
„Полноќна миса“ (Midnight mass)
Приказната е сместена на осамен остров на кој живее осамен жител кој се враќа дома по одреден период. Истовремено, на островот доаѓа и свештеник, а тогаш започнуваат да се случуваат необјасниви настани.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)