X
 26.02.2020 Живот

Потврден првиот случај на коронавирус во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирус во земјава.

Станува збор за лице кое пред десетина дена се вратило од Италија, за кое претходно министерот кажа дека резултатите сè уште не се готови.

Заболеното лице само се јавило на клиниката за Инфективни болести, заедно со уште двајца пациенти. Сите допатувале од Италија во Македонија. Другите две лица беа негативни на коронавирусот.

Повеќе детали ќе бидат откриени по изјавата на премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот