X
 05.08.2020 Здравје

Се тестира третман за спречување Ковид-19, а не е вакцина

Медицински сестри и пациенти во некои институции во САД ќе добијат третман за антитела со кој би требало да бидат заштитени од коронавирусот.

Фармацевтската компанија „Ели Лили“ ќе тестира третман за антитела против коронавирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19. Тестирањето ќе се спроведе на 2.400 луѓе. Компанијата ќе работи со здравствените власти во САД за да одбере старски домови во кои се ширел коронавирусот.


Фото: Freepik

Како и природните антитела, лекот на „Ели Лили“ функционира на тој начин што го заробува вирусот и го блокира. Слични третмани со антитела се покажале ефективни во лекувањето од ебола, а целта на лекот е да се спречи заразување со коронавирусот со навремено консумирање на лекот.

Вакцините функционираат на тој начин што го изложуваат телото на дел од патогенот, а со тоа се создава активен имунитет, односно телото учи како да создава антитела против микроорганизмите. Вештачкото додавање на антитела создава пасивен имунитет што трае онолку колку што траат антителата.


Фото: Freepik

Истражувачите велат дека антителата може да останат во крвотокот со недели или месеци. Третманите со антитела може да станат достапни на пазарот пред вакцината, а со нив може да се заштитат здравствените работници и најранливите групи.

Автор: Антонио Регаладо
Извор: technologyreview.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје