X
 26.02.2021 Наука

Истражување открива зошто китовите поретко заболуваат од рак

Логично би помислиле дека животните што живеат подолго се изложени на поголем ризик да заболат од рак. Меѓутоа, ова не е случајот со китовите. Големите цицачи поретко заболуваат од рак во споредба со многу други животни и во споредба со луѓето. Ново истражување се обидува да одговори зошто е тоа така.

Во истражувањето научниците шпекулираат дека китовите се изложени на многубројни патогени за време на нивниот долг живот, а тоа овозможува нивните гени да еволуираат за да бидат поотпорни на овие болести преку механизми за поправање на својата ДНК и други биолошки процеси.

Научниците спровеле и експеримент за да видат како се размножуваат гените на китовите и откриле дека кај овие животни се размножуваат голем број гени што го потиснуваат растот на туморот, а го препознале и генот за кој се верува дека го регулира ширењето на туморите и оштетувањето на ДНК.

Научниците сега би можеле да ги искористат откритијата за да создадат гени што го потиснуваат растот на туморот кај помали животни, меѓу кои и луѓето. Сè уште е рано за точно да разбереме како овие резултати би им помогнале на луѓето и на другите животни во борбата против ракот, но добро е да се знае дека имаме повеќе од една опција за наоѓање можен лек за ракот.

Автор: Лукија Пападопулос
Извор: interestingengineering.com 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука