X
 26.02.2022 Живот

Еве како се создала фразата „крокодилски солзи“

Фразата „крокодилски солзи“ се користи за лицемерно однесување. Оваа фраза ја користиме кога некој покажува лажно сочувство и лажна емпатија. Но, зошто токму крокодилски?

Објаснувањето е интересно. Крокодилот е опасен и крволочен предатор, но понекогаш лие солзи. Меѓутоа, овие солзи не се затоа што му е жал за жртвата.

Ова животно рефлексно лие крупни солзи додека ја јаде жртвата бидејќи неговите солзни и плунковни жлезди се блиску. Затоа, додека крокодилот лачи плунка за да го проголта пленот, автоматски испушта солзи.


Извор: Studenti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот