X
 26.03.2020 Образование

Бесплатен онлајн-курс нуди техники за ефикасно учење

Доколку сакате да научите нешто ново, големи се шансите тоа да го направите на интернет. Интернетот има решение дури и за оние што сакаат да го совладаат самиот процес на учење. Еден од најпопуларните курсеви на „Курсера“ е токму за ова. Курсот, кој досега го следеле на 1,8 милион корисници од 200 земји, ветува дека ќе ве научи како да учите.

Курсот може да го следат ученици и студенти на сите возрасти. Целта на предавачите е да го променат начинот на кој размислуваме за процесот на учење и ги нудат најефективните техники за учење без разлика на областа.


Фото: Pixabay

Предавачи се Барбара Окли, професор по инженерство, и Теренс Сејновски од Институтот за биолошки студии „Салк“.  Потребни се околу 12 часа за да се помине курсот, кој вклучува видео, вежби и дополнителни материјали.

Кога луѓето имаат проблем со учењето, тие често мислат дека причината за тоа е нивната интелигенција или самиот предмет. Но, предавачите велат дека поголеми се шансите дека тие немале тренинг за учење. За време на овој курс се учи начинот на кој мозокот ги користи и процесира информациите, како и техники за помнење и најдобри начини за совладување тешки предмети.


Фото: Pixabay

Како и повеќето курсеви на платформата, курсот е бесплатен за следење. Може да ги слушате предавањата, а доколку сакате сертификат за завршување на курсот, треба да издвоите 49 долари.

Курсот може да го најдете овде.

Автор: Кони Чен
Извор: businessinsider.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование