Кога станува збор за учењето, многу од нас велат дека трошиме многу време на оваа активност, иако во реалноста поголемиот дел од времето го трошиме на социјалните медиуми. Така, повеќето од нас не ни знаат како да учат за да ги добијат најдобрите резултати.
Бидејќи учебната година е пред нас, добро би било да прочитате од дипломец на „Харвард“ како треба да учите. Текстот е напишан од Софија Чуа-Рубенфилд, дипломиран студент на „Харвард“ и „Јеил“. Софија била воспитана да биде академски успешна колку што е можно повеќе. Неодамна таа докторира на Правниот факултет на „Јеил“.
Еве ги нејзините совети.
Прелиминарни чекори
1. Изберете ги часовите што ве интересираат. На тој начин учењето нема да го сфатите како робување. Ако не сакате да научите, тогаш не можам да ви помогнам.
2. Спријателете се. Видете ги чекорите 12, 13, 23, 24.
Генерални принципи
3. Учете помалку, но учете подобро.
4. Избегнувајте да го вклучите автопилотот на мозокот.
5. Нејасното е лошо. Нејасното е губење на времето.
6. Запишувајте.
7. Стегнете се и завршете ја работата.
План за нападот, фаза I: Часови
8. Појавете се. Сѐ ќе има поголема смисла и вие ќе си заштедите време.
9. Фаќајте белешки. Не ја познавам науката што стои зад ова, но ќе ви помогне да остане во вашата меморија.
Фаза II: Време за учење
10. Излезете од библиотеката. Самиот факт што сте во библиотека нема да ви помогне со учењето. Осум часа седење на „Фејсбук“ во библиотеката и понатаму се осум часа седење на „Фејсбук“.
11. Учете по малку секој ден, но не дозволувајте учењето да ви го одземе целиот ден. - Ова попладне ќе читам поглавје за нешто и ќе се обидам да решам половина од задачите. Потоа, ќе гледам епизода од „Саут Парк“ и ќе одам во фитнес-сала. Овој план е секогаш подобра идеја од: - Започнувајќи сега, ќе читам колку што можам повеќе. Дојде полноќ, а јас сум на петтата страница.
12. Дајте си поттик. Не постои ништо лошо од „празна дупка“ за време на учењето. Ако знаете дека ќе излезете за шест часа, тогаш голема е веројатноста да ја завршите работата.
13. Дозволете им на пријателите да ви го конфискуваат телефонот кога ќе ве фатат како играте „Енгри брдс“. И кога мислите дека ви треба пауза, веројатно не ви треба.
14. Престанете да потцртувате со зелени маркери. Наместо тоа, пишувајте белешки на маргините.
15. Сами работете си ја работата. Не добивате ништо со копирање.
16. Читајте што е можно повеќе, немојте да наоѓате скратени верзии.
17. Бидете паметен читател, а не робот. Запрашајте се себеси: Што се обидува да докаже авторот? Која е логичката прогресија на аргументот? Обично можете да одговорите на овие прашања со читање на воведот и заклучокот од секое поглавје. Потоа, изберете два примери/анегдоти и запишете ги. Тие ќе ви помогнат да го реконструирате аргументот на авторот.
18. Не читајте сѐ, туку разберете сѐ што ќе прочитате. Подобро да имате длабоко разбирање за ограничена количина на материјал отколку да имате нејасно разбирање за целото нешто.
19. Собирајте поени. Од есеи, од присуство, од сѐ.
Фаза IV: Период на читање
20. Уште еднаш: не одете во библиотеката. Учете од дома.
21. Ако не го сфаќате нештото, дефинитивно ќе биде на испитот. Решение: учебници, интернет.
22. Правете ги сите практични проблеми.
23. Луѓето не сакаат да учат работи напамет. Дури и на „Харвард“ од вас се очекува да запомните формули, имиња и датуми. За ефективно меморирање: престанете да ја читате листата. Не функционира. Кажувајте ги наглас, запишувајте ги. Со пријателите направете квиз и кажувајте ги.
24. Повторно со пријателите: замоли ги да те слушаат додека го објаснуваш тешкиот концепт. Ова ве присилува да го артикулирате вашето разбирање.
25. Гледајте ја поголемата слика. Обидете се да откриете каде оди
специфичниот концепт во целиот курс.
Фаза V: Денот на испитот
26. Бидете најдобри и добијте 10-ка.