X
 27.03.2016 Образование

Како тивките деца да се вклучат во училишната настава?

училиште

 

Во 2013 година, наставничката и писателка Џесика Леј напиша убедлива статија за „The Atlantic“ во која таа зборуваше за тоа дали интровертните ученици треба да научат да зборуваат за време на час. Во статијата, таа ја бранеше нејзината одлука учеството за време на часот да го држи како мал, но значителен дел од оценките на учениците. Потивките деца во училницата едноставно требаа да научат како да зборуваат „во свето во кој повеќето луѓе не престануваат да зборуваат“, пишува таа.


Две години подоцна, таа се премислила.

Минатото лето, Леј пишуваше за нејзиниот ново искуство во статија за „Quiet Revolution“, страна лансирана од Сузан Каин, авторот на бестселерот од 2012 година „Quiet: The power of introverts in a world that can't stop talking“. „Постојат начини како да се охрабри учеството. Не е само кажувањето на студентите да започнат да зборуваат за време на час. А молчењето е неверојатно важна алатка за промовирање и учење на трпение“, пишува Леј.

Ова во суштина е срцето на идејата позади „Quiet schools network“, нова иницијатива на Каин која се подготвува да ја лансира ова лето за нејзината компанија „Quiet Revolution“. Предводено од поранешната наставничка Хајди Касевич, мрежата ќе биде составена од група на 50 наставници кои ќе се состанат ова лето за работилница која ќе и` помогне и на јавноста и на приватните училишта да обрнат повеќе внимание на нивните најтивки ученици.

Еден од нивните главни аргументи е тоа дека интровертите се различни од екстровертите не само во однесувањето - кај нив е различна и психологијата, во мерлив начин. Истражувањето во психологијата кое датира назад во 1960-тите: во класично истражување, истражувачите поставиле четири капки сок од лимон на јазиците на 100 волонтери. Оние кои имале повисоки резултати во интровертноста имале различна реакција кон киселиот вклус и имале зголемување на производството на плунка. Во неговата книга од 2013 година, „Me, Myself and Us: The Science of Personality and the Art of Well-Being“, универзитетскиот професор од Кембриџ, Брајан Литл посветува цел дел за интровертноста и екстровертноста.

„Еден билошки модел на оваа димензија постулира дека разликите во екстроверзијата се одбиваат од разликите во нивото на возбудва на одредени неокортексни области на мозокот: оние кои имаат високо ниво на екстроверзија имаат ниско ниво на возбуда, додека интровертите имаат високо ниво. Со оглед на тоа што ефективните перформанси на секојдневните задачи бараат оптимално ниво на возбуда, екстровертите обично бараат да го зголемат нивото на возбуда, додека интровертите се обидуваат да го намалат нивото.

„Големиот увид е дека сите човечки суштества имаат нервен систем кои различно реагираат на стиумлации, па сите ние имаме различни потреби да бидеме во нашето слатко место и да го направиме најдоброто и да бидеме подготвени да учиме“, објаснува Каин.

Дел од мисијата на „Quiet Schools Network“ ќе биде да ги поттикне наставниците да го преформулираат „учеството во училницата“ како „ангажман во училницата“ - идеја која вели дека постојат и други, потивки начини за мерење на разбирањето на учениците за материјалот и колку брзо и гласно тие можат да зборуваат за него. Многу деца, и не само интровертите имаат потреба од различен начин на мерење на нивното разбирање. „Голем дел од овие деца повеќе сакаат да учат преку размислување и длабоко процесирање“, вели Каин. „Забележав дека повеќето екстровертни ученици веднаш скокаат да кажат пред да знаат што сакаа да речат. Екстровертите исто така треба да размислуваат за тоа што сакаат да кажат (пред да им се испушти нешто)“, додава таа.

Некои наставници со кои Каин разговарал веќе се движат подалеку од традиционалните модели за учество во училницата со користење на социјалните медиуми во училницата. Студентите можат да одговорат на идеите кои се дискутирале на час на Твитер или Фејсбук или на блогот на училницата. „Често пронаоѓате дека учениците кои не сакаат да разговараат на час се поактивни кога пишуваат на онлајн форумите“, вели таа.

Касевич не се залага да се заштитат срамежливите деца од својот страв од јавно говорење. Наместо тоа, промените кои ги предлагаат таа и Каин се еден начин за да им се помогне на тивките ученици да се чувствуваат поудобно кога зборуваат. Друг метод за учество за време на часот кој го предлагаат се вика „размислува/пар/споделува“: период на тивко размислување, проследено со дискусија со друг ученик, по што следува презентирање на останатите ученици во училницата. Друг метод е „учење со соученик“ кадешто во пар се еден интроверт и еден екстроверт - тие заедно треба да го научат материјалот за тој ден.

„Повеќето наставници знаат дека не си го сфатил нештото целосно се` додека не си го предавал. Затоа учениците открија дека нивното учење е многу подлабоко. Тука воопшто не се работи за исклучување на гласните деца, кои се`уште ќе можат да зборуваат и да ги искажуваат мислите. Целта е да им се помогне на тивките деца да ги препознаат своите мисли кои се вредни за споделување со другите“, вели Касевич.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование